Правниот факултет ,,Јустинијан Први" и Младинскиот образовен форум (МОФ) ве повикуваат да бидете дел од обука и турнир за Британска парламентарна дебата Британска парламентарна дебата е најпознатиот формат на дебатирање на универзитетско ниво.
Моделот е превеземен од Британскиот парламент.
Што добивате?
- Двонеделна обука за Британска парламентарна дебата
- Учество на првиот ваков дебатен турнир организиран во Македонија
Победниците на турниот ќе добијат можност да учествуваат на меѓународниот натпревар во Британска парламетарна дебата во Сплит "Split Open" кој се одржува од 13-15 Мај. Правниот факултет целосно ќе ги покрие патните и трошоците за партиципација!
Право на учество имаат сите студенти на додипломски студии на Правниот факултет од сите насоки.
Пријавувањето за обуката и турнирот се вршат во тимови од по 2-ца говорници, најдоцна до 9-ти Април 2011.
Побрзајте, бројот на учесници е ограничен.
Апликацијата за учество е достапна на www.pf.ukim.edu.mk и www.mof.org.mk
Доколку имате било какви прашања,контактирајте не на pfdebata@gmail.com