Во периодот февруари 2009 до април 2010 година, МОФ го спроведува проектот “Транспарентност во образованието“ кој цели кон градење на институции и капацитети за долгорочно справување со проблемот на корупција во високото образование. Тековните реформи во високото образование нужно е да го опфатат и овој проблем бидејќи постоечката регулатива е содржински недоволна и не нуди доволно строги санкции. Потребна е изградба на институционални механизми на универзитетите за справување со сите облици на корупција со што во крајна инстанца ќе се влијае на однесувањето на луѓето и нивната толеранција кон оваа деструктивна општествена појава. Проектните активности беа помогнати од USAID, преку Education Development Center.
Со проектот “Транспарентност во образованието“ беше предвидена изработка и усвојување на детални Кодекси за однесување, кои ќе содржат етички правила за однесувањето на студентите и професорите во академската средина, како и ефикасни и строги санкции за прекршителите на истите. Сепак постоењето на етички кодекси е недоволно само по себе, без запознавање на засегнатите страни со нивната содржина. За таа цел, овој проект предвиде и низа активности за подигнување на нивото на свест кај универзитетската заедница (студенти, професори и администрација), како и запознавање со регулативите и механизмите кои им стојат на располагање за заштита на нивните права и создавање на транспарентна академска средина. Партнер универзитет во спроведување на активностите на МОФ е Универзитетот на Југоисточна Европа.
Во групата активности за подинување на јавната свест беа спроведени:
- Јавни конкурси за изработка на аматерски филмови, постери и фотографии на тема “Антикорупциска вакцинација“. Победничките постери можете да ги погледнете во фото галеријата тука, додека пак филмовите се поставени во видео галеријата на сајтот, како и на каналот на МОФ на YouTube.
• Создавање на меѓународна мрежа Transparent Education Network (TEN) која обединува клучни индивидуалци и организации од евро-азискиот регион, со цел да промовира соработка, дијалог и размена на добри практики, препораки, предизвици и релевантни ресурси од областа на зголемување на транспарентноста во образованието. Мрежата обединува организации од три земји: МОФ од Македонија, NGO Center од Ерменија и YUVA Humanitarian Center од Азербеџан.
- Симулација на судење (mock trial) за дела на корупција кое се реализираше во соработка со студентите на правниот факултет на Универзитетот на ЈИЕ.
• Изработка на бележници за книги (bookmarks). Можете да ги погледнете во фото галеријата на проектот тука.
• Трибина на тема “Етичките кодекси како прв чекор кон потранспарентен универзитет”, каде претставници од повеќето високообразовни институции во Македонија разменуваа искуства од имплементацијата на етичките кодекси, како и од процесите на создавање на документите и препораки за подобрување на свеста кај македонските студенти и професори за улогата на етичките кодекси.
Втората група на активности за јакнење на институционалните капацитети беа насочени кон:
• Создавање на датабаза на релевантни документи и веќе постоечки кодекси за однесување од универзитетите од Македонија, анализа на собраните документи и компаративна споредба со етички кодекси од странски универзитети. Воедно беше спроведено истражување за перцепцијата за корупцијата и коруптивното однесување во високото образование помеѓу младите, на група од стотитина испитаници.
• Формирање на тим од студенти, експерти и професори за изработка на кодексите и стратегија за нивно имплементирање
• Изработка на препораки и предлог модел на Етички кодекс за однесување за универзитет во Македонија
• Тркалезна маса која се оддржа во септември во Струга, за размена на искуства во имплементацијата на проектот со претставници на невладините организации кои се имплементатори во Ерменија, Азербеџан и Украина. Покрај претсавниците од TEN мрежата, учество земаа и бројни експерти од 7 различни земји, меѓу кои и професор Steven Heyneman, еден од најпознатите светски експерти во оваа област. Интервјуто со професорот Heyneman за А1 телевизија можете да го погледнете тука, а за Утрински весник може да го прочитате тука. Фотографии од тркалезната маса може да погледнете тука.
Проектен тим:
Мартин Галевски martin_galevski@mof.org.mk
Маја Стојановска maja_stojanovska@mof.org.mk
Катерина Тодоровска katerina_todorovska@mof.org.mk