Skip to content
Вие сте овде: Главна
Интернетот и заштитата на децата
22.04.2008.

Леток вешт интернет корисникМладински образовен форум е една од неколкуте организации кои се дел од проектот CRISP (Children's Rights on the Internet – Safe and Protected) или Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет, кој го спроведува фондацијата Метаморфозис со поддршка од Европската унија. Целта на проектот е подигање на свеста за постоечките опасности кои не демнат од интернетот доколку не се научиме правилно да го користиме, едукација како да се заштитиме, како и создавање ресурси со корисни информации за оваа проблематика наменети на децата, тинејџерите, нивните родители и наставници. 

 
Симулација на избори
22.04.2008.

%u0421%u0438%u043C%u0443%u043B%u0430%u0446%u0438%u0458%u0430 %u0438%u0437%u0431%u043E%u0440%u0438На 22 април 2008 година во рамките на редовните активности на Учиме право – програмата, во  Гимназијата "Зефљуш Марку"- Скопје се одржа симулација на изборен процес. Триесет ученици се запознаа со основите на избирачкото право и текот на изборната постапка во Република Македонија, по што организираа симулација на тоа како треба да изгледа еден демократски изборен процес.

Акцент во самата симулација беше ставен на современите стандарди и процедури на кои се заснова и почива изборниот процес во современите демократии. Она што како заклучок од целиот овој процес го изведоа самите ученици е фактот дека претстојните избори во Република Македонија мора да бидат организирани на највисоко ниво, со почитување на изборните стандарди, елиминирање на секаков вид на изборни нерегуларности со што уште еднаш ќе покажеме дека во РМ живеат културни граѓани со современи демократски манири. 

Последно ажурирање ( 22.04.2008. )
 
ДИЗАЈНИ ЗА ИНТЕРНЕТ ГЕНЕРАЦИЈАТА
18.04.2008.

Design LabElectrolux Design Lab 2008 ги поканува студентите од целиот свет да креираат домаќински уреди од иднината наменети за интернет генерацијата. Рок за пријавување е 30 мај. Electrolux, глобалниот лидер во дизајн и производство на уреди за домаќинство, го лансира шестиот по ред меѓународен натпревар во дизајн на производи, преку порталот www.ElectroluxDesignLab.com. Жирито на Design Lab ќе избере ограничен број на пријавени дела кои ќе се натпреваруваат во финалето во Цирих на 8 и 9 октомври 2008 година.

Последно ажурирање ( 18.04.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Виза не дели од визија?
21.03.2008.

Пролетен ден во ЕвропаМакедонската младина е пригушена од сегашниот визен режим. Потребна е младинска иницијатива за да и покажеме на европската заедница дека македонската младина сериозно работи на процесот на евро-интегративните процеси. Оваа е накусо пораката што овогодинешниот настан Пролетен ден на Европа сака да им ја пренесе на Европската Унија, владејачките субјекти во Македонија и оние кои сеуште веруваат во стереотипите дека младинската иницијатива е непотребен чекор во македонската Евроинтеграција.

Настанот ќе се одржи во Градкиот парк Скопје-Школка, недела 23 март. Центално место ќе завзема јавната дебата на тема : „ Виза не дели од визија?’’. Настанот ќе понуди и целодневна програма, која ќе започне во 10.00 наутро со програма за најмладите и настап на детските музички ѕвезди, ќе продолжи со настап на културно уметничките друштва од различни националности, претстава на студудентите од Факултетот за драмска уметност од Скопје, настап на македонски поп пејачи, рок свирки и ќе заврши во 23.00 часот со програма на реномирани македонски диџеи. Потврдени изведувачи се: Биба Додева, Влатко Илиев, Ристо Самарџиев, Роберт Билбилов, In Vitro, Јаболко за даскалот, Storm, Тотем, Жута Патрола, Соња Исмаил, Горан Кан и Полукс Продукција. 

Последно ажурирање ( 21.03.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Годишно Собрание
17.03.2008.

Младински образовен форум на 22 март 2008 ќе го одржи своето редовно годишно Собрание. На Собранието ќе бидат презентирани, дискутирани и усвоени годишниот извештај за 2007 година, како и годишната програма на активности на МОФ за 2008 година. Оваа година, на Собранието на МОФ ќе бидат избрани нов претседател, генерален секретар и член на извршниот одбор.

 

Последно ажурирање ( 17.03.2008. )
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 6 од 27

Пријатели

Прирачник Учиме право